Sunday, February 13, 2011

Недостатокот на неутралност на интернет


„Интернетот е од суштинско значење не само за дигиталната револуција, туку и за нашиот континуиран просперитет - па дури и за нашата слобода. Интернетот треба да го браниме исто како и демократијата“.

Ова е поднасловот на неодамнешната статија на Тим Бернерс-Ли 
објавена во Scientific American Magazine на 22 ноември, 2010г., во која тој се фокусира на новите закани за тековниот развој на светската мрежа: недостаток на неутралност на интернетот, социјалното вмрежување, затворените стандарди и обидите од страна на владите за следење на комуникациите преку интернет.

Сер Тим Бернерс-Ли укажува на неутралноста на интернетот како една од клучните работи кои треба да се заштитат со цел да се овозможи непречено развивање на светската мрежа, врз основа на нејзините начела за универзалност и децентрализација.
Нели Крос, поранешниот Комесар за конкуренција, имаше интервју со Комитетите на Европскиот парламент за внатрешниот пазар и индустрии, како лице назначено на позицијата комесар на дигиталната агенда. 
Крос ја поддржа неутралноста на интернетот и изјави дека ова ќе биде главното прашање на нејзината агенда.  „Потребна е отворена и јасна неутралност на интернетот“, изјави Крос која смета дека ЕП мора да внимава на „нови закани за неутралноста на интернетот коишто можат да произлезат од многу извори, а блокирањето и дискриминацијата против VoIP услугите од страна на мобилните оператори во повеќе европски земји се само пример. За мене, клучно е да не ги блокираме можностите за одредени технологии...“

На прашањето што таа подразбира под неутралност на интернетот, Крос одговори: „Суштинското прашање е дали интернет провајдерите и провајдерите на широкопојасен интернет треба да можат да вршат контрола и да го ограничуваат пристапот на корисниците до која било содржина; според мене тоа е недозволиво кога се прави од комерцијално мотивирани причини; туку само за безбедносни причини или кога се работи за спам; но доколку е за комерцијално мотивирани причини, тоа не е неутралност на интернет“.


No comments:

Post a Comment