Во најголем дел, интернетот е место кое нуди безброј информации, знаења и забавни содржини, како за децата и тинејџерите, така и за возрасните. Секој може да најде интересни и корисни содржини од многу сфери кои може да ги вгради во својот образовен процес, да надополни празнини во своето знаење од некоја област или едноставно да се информира за некоја тема. Исто така, интернетот нуди различни форми на забава за секого, како и досега невидени можности за комуникација!
Сепак, бројни потенцијални опасности и ризици за приватност и безбедност на неговите корисници реално постојат, особено за приватноста и безбедноста на децата и тинејџерите и нивните семејства.
Децата се особено подложни поради нивната детска отвореност, наивност и неискуство, но и возрасните бидејќи за голем дел од нив интернетот претставува сосема нов и непознат медиум. Затоа, познавање на некои основни правила за внимателно однесување на интернет секому можат да бидат од корист и да му помогнат да се заштити себеси, но и своите најблиски.
опасности кои демнат на интернет:
- · децата може случајно да налетаат на вознемирувачки содржини или слики на интернет.
- · може несакајќи, наивно како што само тие знаат, да споделат или примат содржини кои може да го изложат детето или приватноста на вашето семејство на опасност.
- · може несакајќи да „ги отворат вратите“ на вашиот компјутер за лоши софтвери кои можат да ги оштетат, избришат или копираат податоците од него.
- · може да станат жртви на сајбер-насилници кои се обидуваат да ги збунат и заплашат децата преку интернет, а потоа и да ги злоупотребат на некој начин, па дури и психички или физички да ги повредат.
- · уште полошо – децата може незнаејќи да комуницираат со т.н. интернет предатори, кои преправајќи се дека се исто така деца или пак доверливи возрасни луѓе, го користат интернетот за да се спријателат со деца и потоа се обидуваат да договорат средба во живо со нив.
правила:
НИКОГАШ не ги давај своите лични податоци на интернет, освен ако некој од твоите родители не ти каже дека е во ред да ги дадеш. Лични податоци се твоето име, адресата, телефонскиот број, возраста, расата, името на училиштето или локацијата на училиштето, омиленото место за играње и собирање со пријателите, имињата на пријателите и сл. Сите овие се лични информации и треба да се чуваат како приватни, т.е. да не се делат со кого било, а особено не со луѓе кои ги познаваш само преку интернет.
НИКОГАШ и никому не ги кажувај лозинките (анг. password) што ги користиш на интернет, дури ни на своите пријатели.
НИКОГАШ не оди да се запознаваш во живо со некој твој онлајн пријател кој го познаваш само преку интернет, освен ако не се согласат твоите родители дека е во ред да одиш. Дури и тогаш – оди со некој од твоите родители или пак со некој друг возрасен во кој имаш доверба и сретнете се на јавно место.
П. С.: Постарите тинејџери, кои веројатно ќе одлучат да не одат со родител, сепак нека не одат сами туку нека земат со себе барем еден свој пријател. Со кого и да решиш да одиш – договорете ја средбата на јавно место.
П. С.: Постарите тинејџери, кои веројатно ќе одлучат да не одат со родител, сепак нека не одат сами туку нека земат со себе барем еден свој пријател. Со кого и да решиш да одиш – договорете ја средбата на јавно место.