Saturday, March 5, 2011

СТРУМИЧКИ КАРНЕВАЛ

Струмичкиот Карневал е вековна традиција на градот под Царевите кули и е директно поврзан со верскиот празник Тримери . Единствена манифестација од таков вид во Република Македонија , посветена на армасаните (верени) девојки .
Датумот на одржување се менува во зависност од Велигден и секогаш е во вторник после чист понеделник . Во текот на празнувањето после одржувањето на карневалската поворка , маскираните групи одат во куќите на армасаните девојки каде меѓу маскираните девојките треба да го препознаат својот вереник .
Струмичкиот Карневал е многу стара традиција и први пишувани извори се од турскиот патеписец Евлија Челебија .
До денешен ден не се памети карневалот да не се одржал , а во раните 70 години направен е обид за негово организирано одржување , но по неколку годишна успешна организација , организираната форма е укината , но без разлика на се тој продолжил да се одржува спонтано . 
Во 1991 година повторно е обновена организираната форма која го поврати сјајот на
Струмичкиот Карневал . 



ЗАКОНИ ВО МАКЕДОНИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА

Законската регулатива во Македонија што треба да ја регулира оваа сфера е кревка или допрва треба да се донесе.
Со измени во кривичниот закон, за детска порнографија ќе се смета дури и доколку таква фотографија има корисникот во својот компјутер. Воведено е и ново дело “намамување на обљуба или друго полово дејство на малолетник под 14 години со користење на интернет”. Според началникот на Единицата за комјутерски криминал во Министерството за внатрешни работи Маријан Стоилковски, казните ќе бидат ригорозни. За поседување порнографски фотографии од дете казната е најмалку 8 години затвор, а за наведување малолетно лице на интернет,
 казната е најмалку пет години затвор. Измените на Законот се извршени неодамна, а ќе стапат во сила идната година. Но, ниту законот, ниту невладините организации нема да се ефикасни колку што би сакале, ако не влијаат родителите. Наместо детето да разговара со “виртуелното другарче”, потребен му е вистински разговор со близок што во реалниот свет отсуствува. Еден цитат од писмена работа на дете од основно училиште најмногу зборува за тоа каков е односот меѓу возрасните и децата, зошто бараат прибежиште во виртуелниот, а го
отфрлаат реалниот свет. 





ПРИМЕРИ ЗА ПРЕДАТОРИ КОИ НАВЛЕГЛЕ ВО ЖИВОТОТ НА МАЛОЛЕТНИЦИТЕ

Возрасен маж ставил фотографија на познат англиски пејач и ваквиот свој лажен профил го испраќал на малолетнички. Една од нив, тинејџерка од Скопје, се заинтересирала и договорила средба со него. Кога го видела, сфатила дека е
во заблуда. За среќа, навреме се повлекла од состанокот, лошото искуство го поделила со другарките, но разговорот стасал и до професорите, па бил пријавен на невладините организации кои се борат против интернет предаторите. Еден стан во Скопје е ограбен затоа што детето во разговор преку интернет со непознато лице, детално опишало каде живее. Неколку момчиња постојано ѕвонеле на телефонот на девојче од Скопје и го задевале. Бројот го добиле затоа што таа сметала дека го дава 
на “онлајн пријател”. 




ПОЛИЦИЈА VS. САЈБЕР КРИМИНАЛ

Полицијата “влегува” во ваквите сајтови само доколку некој некому изгради лажен профил. Останатото е оставено на непостоечката совест на креаторите на сајтот и на корисниците. Пример за креирање лажен идентитет е оној од кога еден лекар од скопска болница за да му напакости на својот шеф, директорот на болницата, му креирал лажен профил на Фејсбук.  

За да му го наруши угледот, му пишувал негативни коментари. Полицијата го откри докторот кој оперирал по Фејсбук и му поднесе пријава. Ова е еден од случаите од светот на возрасните. Но, најфрапантните податоци за создавање лажни профили или искористување на туѓите се оние за децата. Тие, лекоумни соодветно на нивната возраст, стекнуваат доверба кај “пријателите” од другата страна на мониторот и влегуваат во мрежата на таканаречените “Интернет предатори или грабливци”. Тоа се луѓе кои седнуваат на другата страна од
 мониторот со намера да им се доближат на децата од која било возраст и пол и да ја искористат нивната доверба, а потоа да ги злоупотребат.




ОНЛАЈН ПРЕДАТОРИ ИНТЕРНЕТ ПОРНОГРАФИЈА И ПЕДОФИЛИЈА

Ако на некој од интернет-пребарувачите впишете Pocemon или Action, омилени детски јунаци од новиот бран продукција на цртани филмови, наместо игри за деца ќе налетате на илјадници порнографски сајтови! Педофилите се досетиле како да ги намамат дечињата, а нема ефикасен механизам тоа да се спречи. Со оваа гнасна реалност се соочуваат децата кога влегуваат во неизбежниот, таканаречен виртуелен свет на големата мрежа, остварувајќи ја  преку личниот компјутер комуникацијата со светот на расипаните возрасни. Така растат и се воспитуваат новите поколенија, кои наместо со молив, се описменуваат со глувчето в рака.  





СТАТИСТИКА :


  • дури 90 отсто од децата на возраст од 8 до 16 години имаат видено порнографија на интернет, и тоа најчесто случајно;
  • просечната возраст на децата кои се изложени на порнографија е 11 години;
  • 20% од сајтовите на интернет се порнографски;
  • секое петто дете кое се приклучило на таканаречените “соби за разговор” било контактирано од педофил.



Saturday, February 19, 2011

ПРИВАТНОСТА НА ИНТЕРНЕТ





Приказните дека приватноста на Интернет е намалена се повеќе се актуелни.
Секако, најголемиот скандал беше предизвикан со објавувањето на 17 гигабајти приватни фотографии од MySpace кој корисникот DMaul, инаку регистриран и на гејмерскиот собир TribalWar.com ги стави на располагање преку Pirate Bay.
За само еден викенд фајлот беше симнат од 7000 луѓе и го доведе на деветтото место на најпопуларен download, победувајќи го оскаровецот “No Country for Old Men”.
Имаше многу поплаки за овој гест бидејќи беа симнати фотографии од луѓе кои го сликале своето бебе, својата свадба или едноставно некоја приватна забава.
Самиот DMaul нагласил дека ја направил целата работа од две причини: прво, за да им покаже на луѓето дека приватност на интернет не постои, и второ да покаже дека и MySpace не е место на кое навистина можете да бидете свои и заштитени.

Sunday, February 13, 2011

Настан по повод Европскиот ден на побезбеден интернет

8 февруари беше ден на побезбеден интернет кој годинава го обележаа 68 земји насекаде во светот, меѓу кои и Македонија. Метаморфозис, како и секоја година, и оваа, активно се вклучи во глобалната акција под мотото „Животот на интернет е повеќе од игра“, со организирање настан за деца.
Настанот го отвори и го модерираше Елена Стојановска од Дирекцијата за заштита на личните податоци. Таа даде и куса презентација за чувањето и давањето на личните податоци, со особен акцент на фотографиите и означувањето на истите на сајтови како Фејсбук, без согласност од лицата кои се на нив. Во текот на презентацијата беа споделени примери, а случки раскажуваа и децата. На крајот од оваа презентација беа спомнати најчестите ризици кои произлегуваат од користењето на социјалните мрежи и беа дадени препораки за корисниците во вид на заклучоци.
Втората сесија започна со една интерактивна вежба во која учествуваа самите деца, а имаше за цел метафорично да го претстави имањето или немањето доверба во луѓето што ги запознаваме онлајн. Потоа следуваше мини-презентација на веб-сајтот Безбедно на интернет, а на крајот Виолета Георгиевска од Интернет Хотлајн Провајдер – Македонија им зборуваше на децата, на темата: Што смееме, а што не смееме онлајн, од аспект на кривични, казниви дела.
Во текот на овој настан, децата пополнија и кус прашалник во врска со нивните интернет-навики.
Резултатите од мини-истражувањето покажа дека 98% од анкетираните деца имаат пристап до интернет од дома, а 79% од децата имаат компјутер во својата соба. Исто така, 96% од децата имаат свој мобилен, преку кој 40% од децата користат интернет. Без да прашаат за дозвола, понекогаш фотографирале некого 26% од децата, а 21% се согласуваат дека им е полесно да им кажат на другите што мислат за нив онлајн.

Обележан Европскиот ден на заштита на лични податоци

Фондацијата Метаморфозис и Дирекцијата за заштита на лични податоци го одбележаа Европскиот ден на заштита на лични податоци, 28 јануари, со настан кој се одржа во ЕУ инфо центарот.
Еден интересен заклучок кој го изнесоа говорниците е дека со напредокот на технологијата, сè повеќе ќе се појавуваат сајтови кои ќе бараат сè повеќе лични податоци заради нудење конкретни можности, па така предупредувањата ќе треба да се вградуваат во текот на пријавувањето за услугата или апликацијата. Тоа би биле кратки информации кои ќе ги информираат корисниците пред тие да се согласат на давање на конкретните лични податоци, каков што е на пример случајот со користењето на апликациите на Фејсбук.
Ако сакате да погледнете како изгледаше настанот посетете го следниов линк:

Недостатокот на неутралност на интернет


„Интернетот е од суштинско значење не само за дигиталната револуција, туку и за нашиот континуиран просперитет - па дури и за нашата слобода. Интернетот треба да го браниме исто како и демократијата“.

Ова е поднасловот на неодамнешната статија на Тим Бернерс-Ли 
објавена во Scientific American Magazine на 22 ноември, 2010г., во која тој се фокусира на новите закани за тековниот развој на светската мрежа: недостаток на неутралност на интернетот, социјалното вмрежување, затворените стандарди и обидите од страна на владите за следење на комуникациите преку интернет.

Сер Тим Бернерс-Ли укажува на неутралноста на интернетот како една од клучните работи кои треба да се заштитат со цел да се овозможи непречено развивање на светската мрежа, врз основа на нејзините начела за универзалност и децентрализација.
Нели Крос, поранешниот Комесар за конкуренција, имаше интервју со Комитетите на Европскиот парламент за внатрешниот пазар и индустрии, како лице назначено на позицијата комесар на дигиталната агенда. 
Крос ја поддржа неутралноста на интернетот и изјави дека ова ќе биде главното прашање на нејзината агенда.  „Потребна е отворена и јасна неутралност на интернетот“, изјави Крос која смета дека ЕП мора да внимава на „нови закани за неутралноста на интернетот коишто можат да произлезат од многу извори, а блокирањето и дискриминацијата против VoIP услугите од страна на мобилните оператори во повеќе европски земји се само пример. За мене, клучно е да не ги блокираме можностите за одредени технологии...“

На прашањето што таа подразбира под неутралност на интернетот, Крос одговори: „Суштинското прашање е дали интернет провајдерите и провајдерите на широкопојасен интернет треба да можат да вршат контрола и да го ограничуваат пристапот на корисниците до која било содржина; според мене тоа е недозволиво кога се прави од комерцијално мотивирани причини; туку само за безбедносни причини или кога се работи за спам; но доколку е за комерцијално мотивирани причини, тоа не е неутралност на интернет“.