Saturday, March 5, 2011

СТРУМИЧКИ КАРНЕВАЛ

Струмичкиот Карневал е вековна традиција на градот под Царевите кули и е директно поврзан со верскиот празник Тримери . Единствена манифестација од таков вид во Република Македонија , посветена на армасаните (верени) девојки .
Датумот на одржување се менува во зависност од Велигден и секогаш е во вторник после чист понеделник . Во текот на празнувањето после одржувањето на карневалската поворка , маскираните групи одат во куќите на армасаните девојки каде меѓу маскираните девојките треба да го препознаат својот вереник .
Струмичкиот Карневал е многу стара традиција и први пишувани извори се од турскиот патеписец Евлија Челебија .
До денешен ден не се памети карневалот да не се одржал , а во раните 70 години направен е обид за негово организирано одржување , но по неколку годишна успешна организација , организираната форма е укината , но без разлика на се тој продолжил да се одржува спонтано . 
Во 1991 година повторно е обновена организираната форма која го поврати сјајот на
Струмичкиот Карневал . 



ЗАКОНИ ВО МАКЕДОНИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА

Законската регулатива во Македонија што треба да ја регулира оваа сфера е кревка или допрва треба да се донесе.
Со измени во кривичниот закон, за детска порнографија ќе се смета дури и доколку таква фотографија има корисникот во својот компјутер. Воведено е и ново дело “намамување на обљуба или друго полово дејство на малолетник под 14 години со користење на интернет”. Според началникот на Единицата за комјутерски криминал во Министерството за внатрешни работи Маријан Стоилковски, казните ќе бидат ригорозни. За поседување порнографски фотографии од дете казната е најмалку 8 години затвор, а за наведување малолетно лице на интернет,
 казната е најмалку пет години затвор. Измените на Законот се извршени неодамна, а ќе стапат во сила идната година. Но, ниту законот, ниту невладините организации нема да се ефикасни колку што би сакале, ако не влијаат родителите. Наместо детето да разговара со “виртуелното другарче”, потребен му е вистински разговор со близок што во реалниот свет отсуствува. Еден цитат од писмена работа на дете од основно училиште најмногу зборува за тоа каков е односот меѓу возрасните и децата, зошто бараат прибежиште во виртуелниот, а го
отфрлаат реалниот свет. 





ПРИМЕРИ ЗА ПРЕДАТОРИ КОИ НАВЛЕГЛЕ ВО ЖИВОТОТ НА МАЛОЛЕТНИЦИТЕ

Возрасен маж ставил фотографија на познат англиски пејач и ваквиот свој лажен профил го испраќал на малолетнички. Една од нив, тинејџерка од Скопје, се заинтересирала и договорила средба со него. Кога го видела, сфатила дека е
во заблуда. За среќа, навреме се повлекла од состанокот, лошото искуство го поделила со другарките, но разговорот стасал и до професорите, па бил пријавен на невладините организации кои се борат против интернет предаторите. Еден стан во Скопје е ограбен затоа што детето во разговор преку интернет со непознато лице, детално опишало каде живее. Неколку момчиња постојано ѕвонеле на телефонот на девојче од Скопје и го задевале. Бројот го добиле затоа што таа сметала дека го дава 
на “онлајн пријател”. 




ПОЛИЦИЈА VS. САЈБЕР КРИМИНАЛ

Полицијата “влегува” во ваквите сајтови само доколку некој некому изгради лажен профил. Останатото е оставено на непостоечката совест на креаторите на сајтот и на корисниците. Пример за креирање лажен идентитет е оној од кога еден лекар од скопска болница за да му напакости на својот шеф, директорот на болницата, му креирал лажен профил на Фејсбук.  

За да му го наруши угледот, му пишувал негативни коментари. Полицијата го откри докторот кој оперирал по Фејсбук и му поднесе пријава. Ова е еден од случаите од светот на возрасните. Но, најфрапантните податоци за создавање лажни профили или искористување на туѓите се оние за децата. Тие, лекоумни соодветно на нивната возраст, стекнуваат доверба кај “пријателите” од другата страна на мониторот и влегуваат во мрежата на таканаречените “Интернет предатори или грабливци”. Тоа се луѓе кои седнуваат на другата страна од
 мониторот со намера да им се доближат на децата од која било возраст и пол и да ја искористат нивната доверба, а потоа да ги злоупотребат.




ОНЛАЈН ПРЕДАТОРИ ИНТЕРНЕТ ПОРНОГРАФИЈА И ПЕДОФИЛИЈА

Ако на некој од интернет-пребарувачите впишете Pocemon или Action, омилени детски јунаци од новиот бран продукција на цртани филмови, наместо игри за деца ќе налетате на илјадници порнографски сајтови! Педофилите се досетиле како да ги намамат дечињата, а нема ефикасен механизам тоа да се спречи. Со оваа гнасна реалност се соочуваат децата кога влегуваат во неизбежниот, таканаречен виртуелен свет на големата мрежа, остварувајќи ја  преку личниот компјутер комуникацијата со светот на расипаните возрасни. Така растат и се воспитуваат новите поколенија, кои наместо со молив, се описменуваат со глувчето в рака.  





СТАТИСТИКА :


  • дури 90 отсто од децата на возраст од 8 до 16 години имаат видено порнографија на интернет, и тоа најчесто случајно;
  • просечната возраст на децата кои се изложени на порнографија е 11 години;
  • 20% од сајтовите на интернет се порнографски;
  • секое петто дете кое се приклучило на таканаречените “соби за разговор” било контактирано од педофил.